Шизофренијата почеста кај деца од постари родители | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ПСИХИЈАТРИЈА

                           
                           
                           
                       

Шизофренијата почеста кај деца од постари родители

Децата на постари татковци се со зголемен ризик од развивање на шизифренија подоцна во животот, најверојатно поради насобирање на мутации во татковата ДНК со текот на годините, се вели во најновото истражување спроведено во Шведска.



Многу порано е нотифицирана зголемената честота на шизофренија кај децата од постари родители, меѓутоа до сега не било познато дали е тоа како резултат на мутација со текот на годините кај постарите мажи или пак се работи за едноставно наследно пренесување на основните карактерни црти на потомството, па така и предиспозицијата за шизифренија.



За да се појасни оваа теорија за наследувањето на шизофренијата, стручњаците ги проучувале податоците од 50 000 луѓе зачнати во периодот од една година.



Истражувањето покажало дека после 25 години меѓу испитаниците се регистрирани 350 личности со шизофренија. Татковците им биле во различна доба на старост, помеѓу 19 и 65 години, додека во контролната група на мажи без шизофренија возраста на татковците била помеѓу 15 и 75 години.



Истражувањето покажало дека веројатноста за развивање на шизофрениско пореметување расте за 30% за секои додатни 10 години старост на родителите.



Истражувачите заклучиле дека овие пронајдоци ги поткрепуваат претпоставките дека акумулирањето на мутациите во половите клетки ја зголемува генетската подложност за развивање на шизофренија кај потомството.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER