Што предизвикува мал број на сперматозоиди? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Што предизвикува мал број на сперматозоиди?

Олигоспермијата, позната како мал број на сперматозоиди, е состојба во која бројот на сперматозоидите е под нормалата. Мажите со низок број на сперматозоиди имаат помали шанси за оплодување на јајце клетките. За среќа, постојат можности за лекување на оваа фрустрирачка состојба.



Некои од причините може да се:



· Инфицирана сперма

· Капење во многу топла вода со седење

· Претерување со мастурбација

· Пушење

· Прекумерна консумација на алкохол

· Физички и психички умор

· Недостиг на цинк

· Инфекција на простатата

· Деформирани генитални органи

· Користење на анаболитички стероиди








Како може да се лекува состојбата?



Оперативно



Операцијата е опција за мажите кои имаат варикоцела. Тоа е состојба во која вените во скротумот се зголемени, се смалува производството на сперматозоидите, а понекогаш се намалуваат и тестисите. Постапката вклучува и затварање на набрекнатата вена и зголемување на протокот на крв во нормалната вена. Кога притисокот е симнат од тестисите, тие тогаш ќе произведуваат сперма. Во некои случаи, нискиот број на сперматозоиди доаѓа заради блокиран семевод. Тоа може да се лекува хируршки.



Медикаментозно



Вашиот доктор може да ви препише лекови за низок број сперматозоиди, но тоа зависи од причината. На пример, некои олигоспермии се предизвикани од бактериски и други инфекции. Ако вашиот доктор забележи голем број на бели крвни клетки во крвта, можеби имате инфекција на уринарниот тракт или инфекција некаде во репродуктивниот тракт. Ако докторот се сомнева на инфекција, тој најверојатно ќе ја лечи со антибиотици.



Во други состојби, нискиот број на сперматозоиди е предизвикан заради премногу или премалку хормони. Ако вашиот доктор мисли дека олигоспермијата е предизвикана поради хормонални проблеми, тој може да препорача лекови за рамнотежа на хормоните или терапија за надоместување на хормони.



Како да се зголеми бројот на сперматозоиди?



1. Водете љубов и мастурбирајте поретко

Односот на секои два до три дена помага да се одржи добар волумен, квалитет како и густина на спермата.



2. Избегнувајте пушење и не консумирајте алкохол


Алкохолот влијае на функцијата на црниот дроб, која може да предизвика зголемување на естрогенот. Тоа исто така влијае да се намали бројот на сперматозоидите и машкиот хормон тестостерон. Истражувањата покажаа дека пушење на повеќе од 20 цигари на ден има ист резултат како и конзумирањето алкохол.



3. Вежбајте редовно

Вежбите општо влијаат добро на метаболизмот, вклучувајки ја и репродуктивната функција.



4. Здрава исхрана


Исхраната со мал удел на маснотии и богата со белковини, зеленчук и цели житарки е добра за вашето здравје и за производство на здрава сперма.



5. Ограничете ги топлите купки и сауни


Топлината може да има штетно влијание на нормалното создавање на сперматозоиди.



6. Ослободете се од вишокот килограми


Прекумерната тежина предизвикува нерамнотежа на тестостеронот и естрогенот.



7. Опуштете се на некое време

Користете ги техниките на опуштање како што се јогата и медитацијата за намалување на стресот.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER