Што се може да ви донесе сексот со непознато лице кога сте на одмор | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

ИНФЕКТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

Што се може да ви донесе сексот со непознато лице кога сте на одмор

Што се може да ви донесе сексот со непознато лице? Пред да одите на одмор добро е да ја прочитате оваа статија и да се информирате што се може да ви донесе “врелиот” секс со згодна непозната жена од странска земја. Добиени се загрижувачки податоци во врска со британските туристки во истражување кое било спроведено неодамна.







Имено истражувањето вклучило 2 000 британски туристки на просечна возраст од 25 години. Податоците се навистина загрижувачки, а ние ви ги презентираме најважните детали од истражувањето.



- Дури 80 проценти од британките имале секс со некој непознат за време на туристичкиот престој

- Дури 30 проценти од нив спиеле со домаќините каде што престојувале

- 21 проценти од нив спиеле со некој од хотелскиот персонал

- 18 проценти од нив имале секс со туристичките водичи или организаторите на патувањето



Но, најпроблематичниот податок во целото истражување е што дури 40 проценти од нив не користеле кондом како заштита. Модерните британки се грижеле само за несаканата бременост користејќи контрацептивни пилули, но не се загрижени баш за сексуално преносливите болести.



“Mачо” фраерите кои доаѓаат од разни земји исто така сакаат да се забавуваат и да го зачинат својот одмор со секс со згодна девојка, но еве што се може да добиете како подарок за возврат: сифилис (triponema palidum), гонореа, сида (HIV), хепатит C, кламидија, ХПВ (типови што предизвикуваат рак или брадавици) и многу други сексуално преносливи болести.



Знаме дека понекогаш понесени од моментот и шармот на морето, неможеме да им одолееме на убавите туристки, па затоа нема напразно да ве советуваме да избегнувате секс на одмор, туку едноставно ве советуваме да внимавате на заштитата и никогаш не практикувајте секс без кондом, во спротивно тоа лето може да ви остави мрачни спомени.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER