Љубомора | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Љубомора

Љубомората спаѓа во најсложените емоции, насочена е кон другите лица и ниту една друга емоција не и е рамна според бројот и опсегот на можните компоненти. Во рамките на љубомората може да се сретне гнев, омраза, тага, жалост, чувство на отфрленост, чувство на одмазда, презир, чувство за безвредност и несигурност, неуспех, потиштеност и срам.



Така на пример, може да се јави во ситуација кога постои субјективно чувство дека наклонетоста на саканото лице е насочена кон некој друг, а не кон нас. Постоење на ривал (реален или замислен) е нужен фактор при појавата на овој вид на чувство.

Обично се јавува кај несигурното лице кое и самото не верува во квалитетите што ги има, па претпоставува дека и другите не го ценат доволно.



Постојат разни емоционални односи каде е присутно чувство на љубомора – тргнувајќи од семејните односи, односите кон роднините, пријателите и разни лица и ситуации од секојдневниот живот.



Чувството на љубомора може да има разорно дејство и да нанесе големо зло не само на лицето кон кое е насочена, туку и на лицето што е оптеретено со тоа чувство. Обично се вели дека кај некој е присутна “болна“ љубомора- состојба каде е присутна огромна болка и страдање, за чие надминување е потребна стручна помош.






Зошто сме љубоморни?



Кога станува збор за љубомората, таа многу често се поврзува со сексуално-љубовните односи каде што се појавува некој соперник, некој кој сметаме дека е посилен од нас, некој кој ни претставува пречка.



Сепак, постои љубомора која се појавува во други видови на врски, како што се семејните (меѓу браќа и сестри), другарските, меѓу колегите и сл.



Кои чувства и мотиви се извори на љубомората?

Љубомората се состои од најразлични чувства, кои меѓусебно се испреплетени. Така, покрај потребата што се јавува од сексуалниот нагон, присутни се и други интензивни чувства, како на пример потребата за самопотврдување, самодокажување, стремежот за доминација.



Присутни се и социјалните мотиви, како што е чувството за социјалното потекло, желбата за задржување на својата сопственост, индивидуалноста, зависта, чеснољубивоста. Ваквите чувства и мотиви стануваат извори на љубомората.



Каква е суштината на љубомората?

Љубомората во најблаго изразените форми претставува постојана загриженост од можниот губиток на партнерот. Се пројавува како насетување или болна неизвесност од претстојниот губиток на саканата личност. Евентуалното губење на партнерот е болно доживување, при што се сеќаваме на сето убаво што партнерот го дал или во иднина тоа може да се случи.



Но тој губиток не е судбински одреден. Станува збор за губиток што настанал како резултат на слободно изразената волја и активност на партнерот, кој стапил во врска со лице што се јавува во улога на соперник. Тоа е мачно чувство, болка поради нешто што ви е одземено, поради претрпен незаслужен удар, чувство на осрамотеност, омаловажување, отфрленост.



По појавата на чувството на беспомошност и губење на самопочитта се јавуваат револтот и омразата. Тие меѓусебно се испреплетуваат, за повторно да се појави интензивна љубовна желба и надеж дека сепак, не е се загубено. Поттик за борба, потреба да се провери, да се сознае вистината, но и несвесна желба таа да не се открие. Сето тоа истовремено се случува во личноста што е љубоморна.



Би можело да се каже дека таквата психичка состојба е разумна кога е во прашање љубов, особено голема љубов. Но, реалноста е поинаква. Интензивна љубомора се јавува и меѓу партнери што немаат љубовни емоции, свесни се за тоа, но тој факт не влијае на жестината на љубомората, ниту, пак, врз интензитетот на субјективното страдање. Љубомората почесто е присутна кај љубоморен партнер на кој се уште до свеста не му допрело оти токму неговите чувства исчезнале. Во таква ситуација, љубомората всушност е израз на сопствените желби за неверство, проектирани врз партнерот.



Дали е точно дека во вистинската љубов нема љубомора? Во вистинската љубов сите чувства се позитивни и се насочени кон објектот на љубовта, при што интересирањето за друг објект е намалено. Исто така нема ниту повод што кај партнерот би можел да ја разбуди љубомората.



Љубомора во љубовни врски



Љубомората е нормална појава во меѓучовечките односи, во семејните врски, во љубовните врски и сл.

Но, испитувањата покажуваат дека поголема љубомора постои во љубовните врски отколку во семејните.

Во љубовните постои стравот дека саканата личност ќе биде напуштена поради присутството на друга личност при што се појавува и чувството на неуспех.



Љубомората е несигурност



Кога некоја личност е љубоморна, тоа значи дека не е сигурна или во себе, во врската во која што е или во тоа што личноста на која е љубоморна го има а љубоморната личност го нема.



Значи, најчеста појава после несигурноста е стравот дека некого ќе изгубиме односно сме во опасност некого да изгубиме.



Многумина истражувачи на оваа појава, се спротиставуваат на оваа изјава затоа што сметаат дека несигурноста е навредлива кога станува збор за љубомората, затоа што сметаат дека е нормално да си загрижен ако сметаш дека партнерот може да те напушти заради друга личност.



Во многу случаи, несигурноста доведува до сериозни последици во врската.

Во таков случај, на љубоморниот партнер му се препорачува да се запраша од каде доаѓа таа несигурност, но треба да се има во предвид дека доаѓањето до овој вид на одговори не е многу лесно, но доколку се продолжи со соочувањето со тие чувства, ќе ја разјасниме несигурноста.



Се додека имаме за цел да станеме посигурни во врските кои со тек на време стануваат постабилни, ќе сфатиме дека времето кое поминува ни станува сојузник во надминувањето на љубомората.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER