1 од 4 пациенти со псоријаза имаат недијагностициран артритис | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

РЕВМАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

1 од 4 пациенти со псоријаза имаат недијагностициран артритис

Псоријазата е хронична автоимуна кожна состојба од која боледуваат милиони луѓе ширум светот. Новите сознанија во врска со псоријазата тврдат дека 1 од 4 пациенти кои боледуваат од оваа кожна болест, имаат недијагностициран псоријатичен артритис.







Псоријатичниот артритис е вид на инфламаторен артритис, кој ги напаѓа зглобовите и тетивите и може да доведе до деструкција на зглобот и инвалидитет. За оваа студија, Националната Фондација за Псоријаза спроведе телефонски и онлајн интервјуа на 477 луѓе со псоријаза и псоријатичен артритис.



Истражувачите откриле дека 22% од испитаниците на кои им била дијагностицирана псоријаза, имале значителни симптоми на псоријатичен артритис: болка во зглобовите, болка која преоѓа од еден на друг зглоб, чувство на топлина во зглобовите, отоци на прстите на рацете и на нозете.



Студијата исто така, открила дека дијагностицирањето на псоријатичен артритис е задоцнет кај многу пациенти. Помеѓу испитаниците со веќе познат псоријатичен артритис, 44% изјавиле дека било потребно една година или подолго за да им биде дијагностициран артритисот, а скоро 30% изјавиле дека тој период бил две и повеќе години.



Др. Марк Лебол, главен истражувач во студијата, изјавил дека е витална раната дијагноза на псоријатичниот артритис, за да се превенираат неповратните оштетувања кои тој ги дава.



Според Националната Фондација за Псоријаза, луѓето со псоријаза или фамилијарна историја на оваа болест, треба да се мониторираат себе си и да се консултираат со лекар ако почувствуваат некои од следниве симптоми:



- болка, оток или вкочанетост на еден или повеќе зглобови

- зглобови кои се црвени или топли на допир

- честа зглобна вкочанетост или размекнатост

- отоци на прстите на рацете или нозете

- болка околу стапалата и глуждовите

- промени во ноктите

- болки во долниот дел од грбот



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER