5 факти за реуматоидниот артритис и депресијата | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

РЕВМАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

5 факти за реуматоидниот артритис и депресијата

Реуматоидниот артритис и депресијата



- Луѓето со реуматоиден артритис имаат два пати поголеми шанси од депресија, отколку луѓето без ова воспалително автоимуно заболување. Животот со хронична болка и потенцијална инвалидност, може да го направи лицето беспомошно и безнадежно.





Депресијата двојно ја зголемува смртноста



- Депресијата е нешто повеќе од лошо расположение. Таа може да биде опасна. Една студија покажа дека луѓето со реуматоиден артритис кои имале перзистентна или рекурентна депресија, имале двојно поголем ризик од смрт.



Воспалението може да игра улога



- Високото ниво на ТНФ-а (тумор некрозен фактор – алфа) во крвта, може да биде асоцирано со поголем ризик од депресија кај пациентите со реуматоиден артритис.



Третирањето на болката, ја подобрува и депресијата



- Колку што е болката поголема, толку е поголем ризикот за појава на депресија. Една студија во 2011 година, покажала дека доколку правилно се третира болката на реуматоидниот артритис, симптомите на депресија значително се намалуваат.



Депресијата влијае на лекувањето на реуматоидниот артритис



- Денешниот третман на реуматоиден е ефикасен, но тој не делува доколку пациентот не се држи кон режимот што лекарот му го налага во однос на примањето на медикаментозна терапија. Депресивното лице е склоно кон прескокнување на препишаните дози на медикаменти, со тоа што го нарушува правилниот третман на реуматоидниот артритис.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER