6 разлики помеѓу остеоартритис и ревматоиден артритис | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

РЕВМАТОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

6 разлики помеѓу остеоартритис и ревматоиден артритис

Артритисот се јавува во повеќе форми. Всушност, овој термин може да се употребува за бројни состојби, вклучувајќи ги псоријатичен артритис, реуматоиден артритис, гихт и остеоартритис. Остеоартритисот и ревматоидниот артритис често пати не се разликуваат од страна на пациентите. Затоа ќе наведеме 6 разлики помеѓу овие две заболувања.







Тие имаат различни причинители



- Остеоартритис е дегенеративна состојба, која се развива поради долготрајно и репетитивно користење на одредени зглобови, односно на ‘рскавицата помеѓу нив. Поради ова, остеоартритисот е почест кај луѓето со прекумерна телесна тежина.



- Реуматоидниот артритис е автоимуно заболување, што значи дека сопствениот имунолошки систем ги напаѓа сопствените клетки. Реуматоидниот артритис често ги напаѓа зглобовите.



Тие имаат различни симптоми и вид на болка



- Реуматоидниот артритис предизвикува црвенило и отоци околу зглобот. Исто така, предизвикува вкочанетост, која се влошува при одмор, а може да трае 30 минути или повеќе. Реуматоидниот артритис предизвикува замор и општа слабост на телото.



- Кај остеоартритис, вкочанетоста вообичаено трае помалку од 30 минути. Иако има промени во зглобовите, тие не се отечени и црвени. Лицата со остеоартритис не се чувствуваат толку уморно.



Тие се лекуваат со различни лекови



- Генерално, остеоартритис се лекува со лекови против болка, односно аналгетици. Кај потешките случаи, на пациентите им се препишува опијатни аналгетици. Исто така, се користат и хијалуронски инјекции, кои се внесуваат директно во афектираниот зглоб.



- Пациентите со реуматоиден артритис, освен аналгетици, примаат и лекови кои го модулираат имунолошкиот систем. Тука се вклучуваат кортикостероиди, одредени цистостатици и новата генерација на антиреуматски лекови.



Тие различно влијаат на организмот



- Поради автоимуната природа, реуматоидниот артритис не ги афектира само зглобовите, туку и внатрешните органи. И бидејќи не е предизвикан од долготрајно и репетитивно користење на зглобовите, ова заболување тежнее да се јавува симетрично во телото, што значи малите и големите зглобови од двете страни се афектирани истовремено.



- Остеоартритис ги афектира само зглобовите, и обично започнува на едната страна од телото, зафаќајќи го еден зглоб, а потоа се проширува и на останатите зглобови.



Тие се јавуваат кај различни возрасни групи



- Поради фактот што остеоартритис се јавува кај зглобовите кои се премногу искористени, тој тежнее да се јавува кај постарите лица, на кои зглобовите им ослабени и оштетени. Младите луѓе, кои репетитивно ги користат одредени зглобови, имаат зголемен ризик од појава на остеоартритис.



- Реуматоидниот артритис може да се појави на било која возраст. Почесто се јавува кај жените, и кај нив симптомите имаат тенденција од влошување.



Тие се влошуваат во различни периоди



- Остеоартритис се развива и се влошува во тек на долг временски период, додека реуматоидниот артритис може да го онеспособи лицето во рок од неколку недели или месеци.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER