6 совети за здрав уринарен систем | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

НЕФРОЛОГИЈА

                           
                           
                           
                       

6 совети за здрав уринарен систем

Постојат неколку лесни навики кои можете да ги примените за да го намалите ризикот од појава на проблеми со урунарниот систем, како што се на пример уринарните инфекции, камчиња во бубрегот и хроничните уринарни инфекции.






Пијте вода кога сте жедни



Кога уринирате, вие се ослободувате од отпадните продукти на вашиот систем. За да урината има нормален млаз и да ги избегнете блоковите при уринирање, пијте вода кога сте жедни. Најголемиот дел од изгубената течност се надополнува преку нормалното внесување на течности и храна. Не постои конзензус за прецизна бројка на испиени чаши вода на ден за возрасен човек.



Полека со солта, таа прави задршка на вода



Премногу сол во исхраната го нарушува балансот на минералите и водата во организмот. Исхрана која содржи повеќе сол е асоцирана со зголемен крвен притисок и може да доведе до оштетување на бубрезите. Овој тип на исхрана исто така може да доведе до појава на камчиња во бубрег. Всушност, многу луѓе мислат дека камчињата чиј состав е калциум дека се резултат на зголемен внес на калциум. Меѓутоа, главната причина е зголемениот внес на солта.



Размислете да намалите со кофеинот



Пиењето на кофеинизирани пијалоци можат да го иритираат мочниот меур и да послужат како диуретик, т.е да ја зголемат вашата потреба за уринирање. Колку повеќе кофеин ќе внесувате, толку повеќе ќе имате потреба за уринирање. Жените со интерстицијален цистит треба да избегнуваат кофеин.



Зголемете го внесот на вода кога сте изложени на сонце или кога спортувате



Вие губите вода низ процесот на перспирација во жешките денови или кога спортувате. Како резултат на тоа, на вас ви е потребен поголем внес на вода од вообичаено за да се одржи хидрираноста на телото.



Ако сте сексуално активни, уринирајте и туширајте се пред и после сексот



Бактериите лесно патуваат низ уринарниот тракт за време на сексот и предизвикуваат инфекции. Уринирањето кратко после сексот се покажало како делотворно во спречувањето на уринарните инфекции. Уринарните инфекции почесто се јавуваат кај жените после сексот бидејќи жените имаат пократка уретра од мажите. Но и мажите можат да добијат уринарна инфекција и да ја пренесат на жените преку сексуалниот контакт. Кај мажите препонската регија е главен извор на бактерии, па затоа мажите треба да имаат добри хигиенски навики.



Ако имате деца, научете ги ќерките да се бришат од напред кон назад



Анусот и ректумот се богати со бактерии. Бришењето од напред кон назад е метод кој нема да ги донесе бактериите во контакт со вагината, а со тоа и ќе се спречи уринарната инфекција.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER