Bigorexia (преокупираност со развој на мускули) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Bigorexia (преокупираност со развој на мускули)

Преголемата преокупираност за развој на мускулатурата може да предизвика пореметување на сликата на телото слична на анорексија. Бигорексијата (мускуларна дисморфија) денеска погаѓа околу стотина илјади мажи. За некои мажи изградбата на мускулите е толку важна па поради престојот во теретаните пропуштаат важни настани, продолжуваат да тренираат дури и ако се болни, имаат мускулни болки или фрактури на коските на местото на припој на тетивите, понекогаш дури и ја губат работата бидејќи не сакаат да го пореметат распоредот на телесната активност.


Терминот мускуларна дисморфија потекнува уште од 1997 година со цел да се опише нов облик на пореметувања на сликата на телото. Пореметувањето уште се нарекува реверзна анорексија или бигорексија. Од една страна бигорексијата е облик на опсесивно-компулсивно пореметување, присилна невроза, а од друга страна последица на медиумскиот притисок за создавање на убаво тело кај мажите. Медиумите форсираат идеална слика на мускулести мажи, исто како што ги форсираат слабите жени како идеал за женската убавина, веќе години наназад.



Главното одбележје на лицата кои боледуваат од бигорексија е дека нивните мускули за нив понекогаш не се добро изградени, без оглед на тоа колку се трудат. Оваа состојба главно се опишува кај мажите иако и некои жени кои се занимаваат со боди-билдинг ги покажуваат истите симптоми.



Повеќето од мажите со бигорексија вежбаат со тегови, што нормално не значи дека повеќето мажи кои вежбаат со тегови имаат бигорексија. Нормалните мажи велат дека дневно поминуваат 40-минути размислувајќи за изградбата на мускулната маса, додека бигорексичарите поминуваат 5 или повеќе часови на ден размислувајќи дека телото не им е добро развиено.



Со зголемувањето на бројот на теретаните и индивидуите кои вежбаат, се зголемува свеста за несовршеноста на телото кај повеќето од мажите и придонесува за настанување на ова пореметување.



Типични одбележја на бигорексијата:




  • Проверување во огледало. Бигорексичарите дневно се погледнуваат во огледало барем 12 пати.






  • Друштвени и социјални настани. Важните друштвени настани, како родендени, состаноци со пријателите, работни состаноци, итн... се забораваат или се прескокнуваат бидејќи го прекинуваат распоредот на тренинзите.






  • Исхрана. Бигорексичните лица ретко јадат во ресторан или кај други лица бидејќи неможе да се контролира што се е ставено во храната. Овие мажи често развивата пореметувања во исхраната, како на пример булимија.






  • Споредување. Бигорексичните лица непрестајно ја споредуваат градбата на своето тело до градбата на телото на другите лца. Нивната прецепција е скоро секогаш искривена, дури и ако набљудуваат еднакво истренирани индивидуи, секогаш себеси се сметаат за послаби.






  • Лекови. Употребата на стероидни анаболици е честа меѓу бигорексичарите. Мажите продолжуваат да земаат стероиди и покрај нус појавите како што е изразена агресивност, акни, зголемување на градите, импотенција, губиток на косата и намалување на тестисите.






  • Процент на масно ткиво. Лицата со бигорексија типично се загрижени за процентот на телесните масти отколку за прекумерната телесна маса.







Психолошки фактори



За разлика од многубројните боди билдери кои уживаат во приликите кога можат да го покажат своето тело во јавност, бигорексичарите тоа не го сакаат. Многу од нив се кријат поради мислата дека имаат несовршено тело. Мажите со бигорексија имаат ниска самодоверба. Некои од нив страдаат и од одреден облик на пореметување на расположението.



Терапија



Моментално сеуште нема резултати од истражувањето која од методите на лекување кај ова пореметување е успешна. Најголем тераписки проблем е што овие индивидуи не сметаат дека се болни, односно немаат увид во својот проблем, баш како и анорексичарите. Поради тоа и соработката со лекарот е слаба. Мускулната дизморфија, искривената слика за сопствените мускули, делумно е одговор на депресијата и недостатокот на самодоверба па овие лица лекувањето често го доживуваат како признавање на поразот.



Со комбинација на едукациски и психотерапевтски методи на лекување, се постигнуваат мошне добри резултати. Когнитивно бихејвиоралните техники акцентот го ставаат на препознавањето и менувањето на причината и обликување на реалните очекувања од вежбањето.



Ново подрачје



Бигорексијата, реверзната анорексија, односно мускуларната дисморфија е сеуште контроверзен поим, иако е опишата уште во 1993 година, засега е тешко да се очекува лекарот да ја постави оваа дијагноза кај лица со наведениве симптоми.



Автор: За Здравје



Литература:


1. Choi PY, Pope HG Jr, Olivardia R. Muscle dysmorphia: a new syndrome in weightlifters. Br J Sports Med. 2002 Oct;36(5):375-6.

2. Chung B. Muscle dysmorphia: a critical review of the proposed criteria. Perspect Biol Med. 2001 Fall;44(4):565-74.

3. Lantz CD, Rhea Đ, Cornelius AE. Muscle Dysmorphia in Elite-Level Power Lifters and Bodybuilders: A Test of Differences Within a Conceptual Model. J Strength Cond Res. 2002 Nov;16(4):649-655.

4. Leit RA, Gray JJ, Pope HG Jr. The media's representation of the ideal male body: a cause for muscle dysmorphia? Int J Eat Disord. 2002 Apr;31(3):334-8.

5. Mangweth B, Pope HG Jr, Kemmler G, Ebenbichler C, Hausmann A, De Col C, Kreutner B, Kinzl J, Biebl W. Body image and psychopathology in male bodybuilders. Psychother Psychosom. 2001 Jan-Feb;70(1):38-43.

6. Olivardia R. Mirror, mirror on the wall, who's the largest of them all? The features and phenomenology of muscle dysmorphia. Harv Rev Psychiatry. 2001 Sep-Oct;9(5):254-9.

7. Olivardia R, Pope HG Jr, Hudson JI. Muscle dysmorphia in male weightlifters: a case-control study. Am J Psychiatry. 2000 Aug;157(8):1291-6.

8. Phillips KA, O'Sullivan RL, Pope HG Jr. Muscle dysmorphia. J Clin Psychiatry. 1997 Aug;58(8):361.

9. Pope HG Jr, Gruber AJ, Mangweth B, Bureau B, deCol C, Jouvent R, Hudson JI. Body image perception among men in three countries. Am J Psychiatry. 2000 Aug;157(8):1297-301.

10. Pope HG Jr, Gruber AJ, Choi P, Olivardia R, Phillips KA. Muscle dysmorphia. An underrecognized form of body dysmorphic disorder. Psychosomatics. 1997 Nov-Dec;38(6):548-57.

11. Pope HG Jr, Katz DL, Hudson JI. Anorexia nervosa and "reverse anorexia" among 108 male bodybuilders. Compr Psychiatry 1993 Nov-Dec;34(6):406-9.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER