CIN промени на грлото на матката | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

CIN промени на грлото на матката

Автор: Д-р Милорад Ристески

Специјалист по Гинекологија и Акушерство

ПЗУ Фемини Медикал – Скопје





Женските репродуктивни органи се поделени на внатрешни и надворешни. Внатрешните органи се составени од матка (uterus), туби и овариуми. Тие се наоѓаат во абдоминалната празнина, поточно во малата карлица. Надворешните органи се составени од вулва со мали и големи усни и родилен канал (вагина). Матката е составена од три дела и тоа: тело на матката, стеснување на матката и грло на матката кое што виси или проминира во вагината.



Во денешното модерно време, со развојот на технологијата и начинот на живот се појавуваат нови болести на кои што не е имуна ни жената, а особено грлото на матката. Најчести промени на грлото на матката кои што се откриваат со земање на ПАП тест се: CIN промените (цервикална интраепителна неоплазија) од прв, втор или трет степен (ЦИН 1, ЦИН 2, ЦИН 3), сите како прекурзори на преканцерогена состојба.



Сите промени, од ЦИН 1 до ЦИН 3 се премалигни состојби на кои што пациентката, а во исто време и нејзиниот матичен гинеколог мора да посветат поголемо внимание. Научно е докажано дека жените кои што стапуваат во сексуални односи пред 18-тата година, жените кои што имаат незаштитени сексуални односи, жените кои што често ги менуваат своите сексуални партнери, жените кои што пушат и жените со чести инфекции или воспаленија на вагината се потенцијални кандидатки во голем процент да добијат ЦИН промени.



Докажано е со 100% сигурност дека промената од ЦИН ја предизвикува ХПВ вирусот од кој што има стотина и повеќе видови, од кои кај нас во Македонија, па и на Балканот се сметаат за најопасни неколку видови објаснети во една од минатите статии на www.zazdravje.com.mk. Се разбира, болеста побрзо ќе напредува, доколку кај жените се соберат сите погоре наведени фактори.



ЦИН 1



ЦИН 1 претставува промена на грлото на матката од прв степен, при што е зафатена само една третина од епителот на спојот на двата епитела (цилиндричен и плочест) или сквамоколумнарен спој. Истиот (се мисли на ЦИН 1) може да биде реверзибилен со дадена терапија и по повторно земање на ПАП тест, истиот да го нема.



ЦИН 2



ЦИН 2 претставува промена на грлото на матката од среден степен и стигнува до две третини од истиот спој кој што е погоре опишан и доколку се дијагностицира, лекувањето треба да се спроведе на два начини: медикаментозно или оперативно.



ЦИН 3



ЦИН 3 претставува цервикална промена од трет (тежок) степен каде што промената во сквамоколумнарниот спој е стигната до базалната мембрана или пак во многу случаи истата е пробиена. Лекувањето на ЦИН 3 е исклучиво оперативно.



Сите промени, почнувајќи од ЦИН 1 до ЦИН 3 со земање на ПАП тест не значи дека се 100% точни. Во 25% од случаите, имаме лажно позитивни или лажно негативни резултати. Затоа, треба да се направат дополнителни испитувања а тоа се: испитување за постоење на ХПВ вируси, биопсија на парчиња од грлото на матката и други имунолошки тестови. Напоменувам дека сите испитувања пред да се донесе конечна одлука за начинот на лечење треба да се повторат на 4-6 месеци и тогаш да се донесе конечен заклучок. Се разбира, дека не секогаш медикаментозната терапија е со успех и затоа треба да се слушаат советите на матичниот гинеколог, бидејќи за секое заболување постои лек.



Препорака:



Препорачувам сите жени во репродуктивниот период, без разлика на своите предрасуди, верски и други убедувања во интерес на своето здравје, здравјето на фамилијата, еднаш на две години да го посетат својот матичен гинеколог и да направат испитувања на грлото на матката, бидејќи погоре опишаните промени не даваат никакви знаци или предупредувања дека постои некое заболување. Тоа е скриена промена која што кога ќе ги покаже првите знаци, во многу случаи се смета дека е во понапредната фаза.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER