Проблеми со детска исхрана во првите месеци | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Проблеми со детска исхрана во првите месеци

Прашање: 
Здраво! Моето дете е на 5 годишна возраст. До 9 месеци јадеше секаква храна а воедно и цицаше, но од тогаш наваму јаде само тестенини и млечни производи. Крвната слика му е добра. Како да му го вратиме апетитот за да јаде разновидна храна? Однапред ви благодарам.
Одговор: 
Децата на оваа возраст се склони кон учење на нови работи, активни се во игрите и во оние активности кои им го привлекуваат вниманието, така да многу е веројатно децата и воопшто да немаат време за јадење, па на родителите тоа да им изгледа дека тие немаат апетит. Не го силете детето да јаде храна која Вие ја преферирате. Доколку има потреба од некои состојки, тоа самото ќе си ги побара. Протеините и мастите ги внесува преку млекото и млечните производи, додека јаглените хидрати и целулозните влакна преку тестенините. Убаво би било доколку успеете некако да го намамите да јаде повеќе овошје и зеленчук, особено еден час пред главното јадење, со тоа што Вие самите ќе му ја одредите порцијата зеленчук или овошје што треба да ја изеде, а за тоа, ветете му дека доколку во текот на една недела секојдневно јаде овошје или зеленчук дека ќе добие изненадување, т.е. награда.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER