Diabetes mellitus тип 1 | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Diabetes mellitus тип 1

Автор:

Д-р. Александра Петреска








Diabetes mellitus-tip1 претставува автоимуна болест која се јавува најчесто во најраната детска возраст,но неретко може да се појави и покасно. Може да се јави самостојно или во склоп со некоја останата автоимуна болест. Всушност настанува деструкција на В-клетките од панкреасот задолжени за лачење на инсулин од страна на формираните антитела во сопствениот организам.



Претставува доста агресивна болест и затоа нејзиниот третман треба да започне веднаш со самото дијагностицирање на болеста.Првите симптоми на боолеста се:



-polyidipsia или зголемена жед

-polyifagia или зголемен апетит

-polyuria или зачестено мокрење



И покрај зголемениот апетит, кај децата се забележува значително губење на телесната тежина бидејќи е нарушен метаболизмот на јаглените хидрати, протеините и мастите.

Настануваат микрoваскуларни и макроваскуларни промени. Први на удар се срцето и мозокот, а потоа страдаат и малите крвни садови и периферните нерви, односно настанува rethinipathia diabetica и neuropathia diabetica.



Особено е вазжно да се разграничи Diabetes mellitus тип 1 од Diabetes mellitus тип 2, бидејќи кај првоспоменатава болест веднаш се започнува со инсулинска терапија за разлика од Diabetes mellitus tip 2 каде што пациентите прво се третираат со диетески режим на исхрана и орални антидијабетици.



Доколку хипергликемијата не е добро регулирана може да се појават низа компликации како кетоацидоза, некетотична хиперосмоларна состојбa, стурпор кома и смрт. Слепило, бубрежна инсуфициенција (нефункционирање на бубрезите), улцерации (дефекти) на долните екстремитети се дополнителни компликации кои исто така се чести кај овие пациенти со нерегулирана гликемија.



Судејќи според тежината која оваа болест ја носи со себе, високиот ризик од мноштво компликации и ризикот од рана смрт, како и тоа дека најмладата популација е инволвирана треба да се обрне внимание на едукацијата и информираноста на популацијата за оваа болест, која ако биде правилно третирана, целиот овој ризик се сведува на минимум.

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER