Pyoderma gangrenosum – гнојни улцери на кожата | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

Pyoderma gangrenosum – гнојни улцери на кожата

Гангренозната пиодерма е состојба која предизвикува големи, болни улцери (чирови) на кожата, особено на нозете.



Не се знаат точните причини за нејзината појава, но се смета дека таа е поврзана со пореметувања во имунолошкиот систем. Околу половина луѓе со гангренозна пиодерма имаат некојa хронична болест.





Симптоми



Знаците и симптомите на гангренозната пиодерма вклучуваат:



- на почеток, едно или повеќе црвенила на кожата кои наликуваат на каснатини од пајак

- болни, отворени улцери (чирови) со црвено-виолетови рабови

- болни зглобови или болки во коските

- општа слабост



Ризик фактори



Гангренозната пиодерма е честа кај луѓето на возраст од 40 и 50 години, но таа може да се јави на било која возраст. Таа исто така, е асоцирана со воспалителни состојби, како што се:



- Улцеративен колитис

- Хронова болeст

- Реуматоиден артритис

- Хепатитис



Дијагноза



Необјаснетата појава на улцери на кожата е првата индикација за постоење на гангренозна пиодерма. Освен ова, се прават и следниве постапки:



- комплетен физикален преглед

- крвни тестови и останати тестови за да се детерминира можно постоење на некоја друга болест

- кожна биопсија



Терапија



Доколку се има некоја постоечка болест, потребно е да се третира. Третманот на гангренозна пиодерма вклучува:



Лекови

- кортикостероиди (преднизон)

- имуносупресивни лекови

- нестероидни анти-инфламаторни лекови

- TNF-инхибитори (тумор некрозен фактор)

- Високи дози на интравенски имуноглобулин



Хируршка третман



Лекарите обично не препорачуваат хируршки третман, поради тенденцијата на влошување после процедурата, кое се нарекува патергија. Патергијата е кожен феномен кој го има кај Бечетовата болест и гангренозната пиодерма, кој при мали трауми, како што се гребнатини, водат до развој на кожни лезии или улцери, кои се резистентни на заздравување.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER