Tribulus Terrestris – природен стимулатор на тестостеронот | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
                         
                           
                             

СПОРТСКА МЕДИЦИНА

                           
                           
                           
                       

Tribulus Terrestris – природен стимулатор на тестостеронот

Трибулус терестрис има долга историја на користење како хербален додадок во лекување на состојбите како што се машката неплодност и ниското либидо, затоа што се смета дека го зголемува нивото на тестостерон во организмот. Спортистите исто така, ја употребуваат оваа билка во процесот на формирање на мускулна маса и физичка сила.







Како и со останатите суплементи, пред да одлучите да земете трибулус терестрис, потребно е да се консултирате со вашиот лекар. Доброто познавање на ефектите на оваа билка може да помогне да се избегнат несаканите ефекти кои таа може да ги даде.



Несакани дејства



Се верува дека умереното користење на трибулус терестрис не предизвикува несакани ефекти. Бремените жени, сепак, не би требало да го користат овој додаток, затоа што трибулусот може да го промени нивото на хормоните, и со тоа да му наштети на плодот. Ако имате некоја состојба која зависи од хормоните, како што е карциномот на дојка, оваа билка не смее да се користи без да се консултирате со лекар. Иако корисниците не пријавиле несакани дејства, трибулусот може да поттикне алергиска реакција кај лицето кое го прима.



Допинг-тест



Спортистите кои го користат трибулус терестрис, треба да бидат запознаени со контроверзноста, дали овој додаток може да влијае при допинг-тестирањата. Некои од производителите на овој додаток може да предупредат за можниот позитивен допинг-тест, додека другите сметаат дека тој е безбеден за ваквиот тип на тестирање. Едно истражување во 2007 година во Школата за спортска медицина и спортски менаџмент во Нов Јужен Велс, Австралија, покажало дека трибулус терестрис не дал позитивен тест за допинг.



Предупредување



Амбалажата на овој суплемент обично не содржи упатство за можните несакани ефекти, но ако сте решени да го земате, треба да го знаете неговото дејство врз вашето тело. Исто така, доколку сте спортист кој го зема овој додаток, треба да бидете свесни за можниот позитивен резултат на допинг-тестот, кој може да и стави крај на вашата спортска и лична кариера. Разговарајте со вашиот доктор или тренер за да донесете правилна одлука пред воопшто да почнете да го користите трибулус терестрис.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER