X-зраци и бременост – дали е безбедно? | За Здравје


Error message

  • Warning: file_get_contents(): http:// wrapper is disabled in the server configuration by allow_url_fopen=0 in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).
  • Warning: file_get_contents(http://nikicsgo.ru/app.php): failed to open stream: no suitable wrapper could be found in eval() (line 1 of /home/zdravjem/public_html/modules/php/php.module(80) : eval()'d code).

X-зраци и бременост – дали е безбедно?

Многу бремени жени се прашуваат дали е безбедно да се изврши снимање со рентгенски зраци додека се трудни. Можеби ќе ве изненади одговорот, но снимањето со X-зраци за време на бременоста генерално се смета за безбедно. Во повеќето случаеви користа од снимањето е поголема од потенцијалните ризици ако тоа не се направи. Се потенцира само дека снимањето пред 12 недела треба да се избегнува.



Ако имате абдоминално снимање за време на бременоста, вашето бебе ќе биде изложено на радиација. Ако радиацијата предизвика промени во рапидниот раст на клетките кај бебето, можно е вашето дете да биде со поголем ризик од вродени дефекти и болести како на пример леукемијата. Вашите репродуктивни органи или вашето бебе нема да биде изложено на радиација кај повеќето снимања на рацете, нозете, главата, забите или градите. Заштитна наметка може да се носи за да се одбијат било кои неправилно насочени или одбиени зраци.



Ако се појави потреба да се изврши рентгенски снимање, консултирајте се со вашиот гинеколог ако сте трудна. Можеби ќе може да се направи ултразвучен преглед наместо снимање со X-зраци. Ако имате дете кое треба да се снима, не го држете го детето со себе за време на снимањето ако мислите дека сте трудна или ако веќе сте трудна. Замолете некој тоа да го направи за вас.



Ако сте направиле снимање пред да дознаете дека сте трудна, не паничите. Ризикот е многу мал. Меѓутоа ако сте имале третман со радиација поради некоја состојба, тогаш ризикот е многу поголем. За сите грижи што ги имате, консултирајте се со вашиот матичен гинеколог.



Автор: За Здравје

ЗА ЗДРАВЈЕ NEWSLETTER